недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УХМР: Какво време не очекува утре?

УХМР: Какво време не очекува утре?

Времето утре во Република Македонија, особено претпладне ќе биде со слаб локален дожд претежно на југоистокот и повремен снег во планинските региони, а понекаде на повисоките места повремен дожд кој ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -4 до 5 степени, а дневните од 0 до 9 степени.

Во понеделник ќе има услови за слаб снег на северот и ќе започне период на умерено до значително облачно и студено време, со умерен до засилен северен ветер. Ветерот ќе биде најизразен вдолж Повардарието.

Најнови вести