Во текот на наредните неколку дена, а особено утре, како резултат на циклонска активност, се очекуваат локални поројни врнежи од дожд, на места доста интензивни со над 30 литри на квадратен метар, во вид на невреме и проследени со засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
-Ваквите процеси можат да предизвикаат појави на течење и слевање вода низ градските улици поради неможноста за одведување на водата во толку краток временски интервал. Исто така, поради очекуваниот интензивен дожд локално на некои места, можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците, покрај кои посочуваме за внимателно движење, велат од УХМР.
За поголемите реки, додаваат, не постои опасност од нивно излевање.