сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УХМР: Се очекува пораст на водостоите на Вардар и Лепенец

УХМР: Се очекува пораст на водостоите на Вардар и Лепенец

Водостојот на реките Вардар и Лепенец во Скопје денеска се очекува да биде во пораст, иако од метеоролошките станици нема најава за поголеми количини врнежи, информира УХМР.

Според Управата, најверојатно станува збор за врнежи во повисоките предели на Шар Планина каде нема покриеност на теренот со хидролошки и метеоролошки станици.

Нови врнежи не се очекуваат, а од вечерните часови и утре се очекува стабилизирање на водостојот и негово намалување на посочените водотеци.

– Циклонот кој изминативе денови го зафати Балканот и регионот околу нас, во нашата земја се појави во доста ублажена форма и поизразен беше единствено во високите планински делови на Шар Планина, што резултираше со брзо зголемување на водостојот на помалите реки во тој дел. Исто така, поради влијанието и врнежите од Косово зголемување на водостојот е регистриран и на реката Лепенец, што исто така придонесе за зголемување на водостојот на Вардар во Скопје, наведува УХМР. (МИА)

Најнови вести