Следува период на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе се има чувство дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена, информираат од УХМР.
И покрај топлото време поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер.