вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УХМР со најава – какво ќе биде времето утре и во наредните денови?

УХМР со најава – какво ќе биде времето утре и во наредните денови?

Променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од -8 степени до -2 степени, а дневната од -2 до 7 степени Целзиусови.

Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и студено време со слаб локален снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во четврток во источните
делови.

Како што соопшти УХМР, од петок времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Најнови вести