недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

УХМР со најнова прогноза: Еве какво ќе биде времето до понеделник (Фото)

УХМР со најнова прогноза: Еве какво ќе биде времето до понеделник (Фото)

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на планините и некои повисоки места врнежите ќе бидат од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно, со слаб до умерен ветер од северен правец.

Времето во следните денови:

Во четврток времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула.

Најнови вести