недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

УХМР со најнова прогноза- еве какво ќе биде времето во наредните денови

УХМР со најнова прогноза- еве какво ќе биде времето во наредните денови

Времето во државата утре прeтпладне ќе биде претежно облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје претпладне облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 9 степени.

Во наредните денови, како што соопштува УХМР, следува период на стабилно време со повеќе сончеви периоди и со пониски утрински температури.

Најнови вести