Следува период на стабилно и топло време.
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Околу пладне и попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога температурите на места ќе достигнат и 40 степени.
Дестабилизирање на времето се очекува од среда кога и температурите постепено ќе бидат во опаѓање.