Под влијание на топол бран утре ќе се задржи сончево и многу топло време, во поголемиот дел од земјава со температури над 35 степени, а наместа и над 40 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец.
Времето во следните денови ќе биде под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени. Особено топло утре ќе биде во целава земја, а во петок само во јужните делови кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.