Во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, денеска во Одделот за одржување на влечните средства, утврдена е извршена кражба на кабел од влечен мотор од локомотива серија бр. 642 и делови и кабли од манипулатор.
-Поради кражбата на деловите и дополнителните оштетувања, оваа локомотова не е повеќе во возна состојба, со што е направена енормна штета на компанијата, имајќи ги предвид малиот број на возни средства со кои располага истата, се наведува во соопштението.
Кражбата е пријавена до Министерството за внатрешни работи и утврдена е фактичката состојба од страна на Одделот на криминалистичка техника, со што е започната истражна постапка.
-Бидејќи кражбата е извршена во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, стојат претпоставките дека оваа кражба не претставува ништо друго, туку саботажа на работењето на компанијата, велат од таму.