понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уште една група од 35 Авганистанци ја напушти Македонија

Уште една група од 35 Авганистанци ја напушти Македонија

Уште 35 авганистански граѓани кои престојуваа во земјава денеска отпатуваа кон нивната трајна дестинација, информираат од Владата.

-Хуманитарната акција за спасување на авганистански граѓани кои се под закана од талибанскиот режим се одвива со утврдениот план и во 2022 година. По привремениот престој во Северна Македонија, група цивили отпатува за Канада како нивно трајно одредиште, посочуваат од Владата.

Прецизираат дека 35-те авганистански граѓани кои отпатуваа за Канада се вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“.

-Службите на Владата, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Министерството за здравство и Црвениот крст како и досега, продолжуваат да даваат целосна поддршка на авганистанските граѓани коишто престојуваат во Скопје. Поддршката од страна на сите институции продолжува да се одвива со утврдената динамика и тоа сѐ до комплетирање на документацијата за траен престој во странска држава која ќе е нивно крајно одредиште, порачуваат од владината прес-служба.

Најнови вести