Уште утре времето ќе биде сончево и топло, а веќе од недела од попладневните и вечерните часови се очекува промена на времето со пороен дожд и грмежи.
Од понеделник на повеќе места низ државата ќе биде облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град, информираат од УХМР.
Променливо ќе биде речиси цела недела. Дневните температури ќе се движат од 22 до 30 степени.