среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Устамитова: СДСМ го почитува и вреднува трудот на работниците

Устамитова: СДСМ го почитува и вреднува трудот на работниците

СДСМ го почитува и вреднува трудот на работникот, се грижи и ги унапредува работничките права. Една од првите одлука веднаш по доаѓањето на власт на СДСМ беше зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари и тоа за сите сектори, истакна претседателката на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ, Елена Устамитова.

„Со тоа ставивме крај на една дискриминирачка пракса, работничките од текстилната, кожарската и чевларската индустрија да добиваат пониска минимална плата.

Денес, минималната плата изнесува 20.175 денари и еднаква за сите сектори.

За над 36 отсто ги зголемивме платите во образованието и детската заштита, сериозно се зголемени платите во здравството, во полицијата и одбраната.

Невработеноста ја намаливме за осум отсто, а обезбедивме и младински додаток на плата од 3.000 денари за млади до 23 години, вработени во производство.

СДСМ преку договор со синдикатите, коморите и работодавците донесе законско решение со кое недела, за 95 отсто од работниците е ден за неделен одмор, а оние кои работат во дејностите кои се исклучок, добиваат значително повисоки дневници.

Мотивиран, задоволен работник е гарант за економски раст и напредок, затоа ние како одговорна партија продолжуваме со мерки и политики кои ги унапредуваат работничките права и условите за работа“ – порача таа.

 

Најнови вести