петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Утре на јавна седница ќе се расправа за укинување на притворот на Јанакиески и Божиноски

Утре на јавна седница ќе се расправа за укинување на притворот на Јанакиески и Божиноски

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, утре на јавна седница ќе ги образложат жалбите за определената мерка притвор, која бараат да им биде укината. Од Апелацискиот суд информираа дека јавните седници за притворот на Јанакиески и Божиновски се закажани за утре во два различни термини.

За обвинетиот поранешен началник на УБК, Сашо Мијалков, жалбата за определената мерка притвор не била стасана до второстепениот суд.

Поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, поранешниот генерален секретар на Владата, од пред 10 дена се во притвор. Божиновски, како поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, е обвинет во случајот „Титаник” на СЈО, а Јанакиески е обвинет во пет случаи на Специјалното обвинителство.

Според решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 за прифаќањето на предлогот на СЈО, Миле Јанакиески да биде притворен, откако претходно било утврдено дека Јанакиески наводно преку посредник барал амнестија од претседателот.

Адвокатот на обвинетите Еленко Миланов вели нејасно е зошто би му бил потребен посредник на Јанакиески со шефот на државата Иванов, кога лично тој двапати учествувал во неговата кампања за претседател, а Божиновски имал висока позиција во Владата за која не му е потребен посредник за средба. Дури и да барале амнестија, недозволиво е тоа да биде поврзано со нивно бегство.

– Прво и основно ако одиме по соопштението од кабинетот на Претседателот на државата, господинот Ѓорге Иванов, воопшто ниту имало средба која што била во насока на било каков разговор за амнестија, уште помалку тоа било со некаков си посредник на господинот Миле Јанакиевски или Кирил Божиновски. Ако го следиме тоа соопштение не се спори, што не го спори ниту Миле Јанакиевски дека тој остварил средба со претседателот на државата, но во врска со актуелната политичка ситуација во државата, а не за некаква амнестија. Правно е многу погрешно да воопшто тоа што стои во службената белешка да се бара амнестија, затоа што амнестија дава собранието, не претседателот, тој и не е надлежен да дава амнестија, тој може да даде аболиција. Аболицијата за конкретниот случај „Титаник“ е дадена уште во април, мај 2016 година, што значи тоа е право кое веќе е стекнато и што има сега повторно да бара во таа насока, а дури и да постави ново барање за аболиција, тоа не укажува на бегство, вели Миланов.

Најнови вести