Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 Септември 2022 година (четврток), Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија во 2022 година остануваат уште овие неработни денови:
За сите граѓани на РМ
11 октомври (вторник), Ден на народното востание,
23 октомври (недела), Ден на македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,
8 декември (четврток), Св. Климент Охридски.
За граѓаните од католичка вероисповед
1 ноември (вторник), Празникот на сите светци,
25 декември (недела), првиот ден на Божик.
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 ноември (вторник), Ден на албанската азбука,
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.