среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 24.05.2023 година (среда) во периодот од 12.00 до 14.30 часот, поради одржување на синдикален протест, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.

Протестот ќе се одвива со траса на движење од Жена-парк на ул.„11 Октомври“, преку ул.„Димитрие Чуповски“, бул.„Св. Климент Охридски“ и ул.„Св. Кирил и Методиј“, па сѐ до зградата на Министерство за образование и наука.

Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.

Најнови вести