Претседателот Стево Пендаровски, утре ќе оствари средба со Карен Донфрид, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања.
Како што најавуваат од Кабинетот на Пендаровски, средбата ќе се одржи во 12:15 часот.
Посетата на Македонија на Донфрид е во рамки на нејзината турнеја низ државите од Западен Балкан.
Како што соопшти Стејт департментот, Донфрид во Скопје ќе има средби со функционерите на Македонија, при што ќе изрази силна поддршка за преговорите на земјата за влез во ЕУ и ќе се заблагодари за помошта за Украина.
Таа ќе ја повика Северна Македонија, како најнова членка на НАТО, да ја продолжат блиската соработка за низа регионални, безбедносни и одбранбени прашања за промовирање на демократијата и регионалната стабилност.
Дел од турнејата на Донфрид на Западен Балкан се и Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово од каде на 25 април ќе ја започне посетата на регионот.