недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Утринската температура -6, во текот на денот сонце: Еве какво време не очекува викендов

Утринската температура -6, во текот на денот сонце: Еве какво време не очекува викендов

Утрово по одделни котлини има појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а попладне сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Продолжува периодот на стабилно време. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, поради што ќе се задржи постудено.

Најнови вести