вторник, 30. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Утринските температури во Македонија над нулата, снег има само на Попова Шапка

Утринските температури во Македонија над нулата, снег има само на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Скопје, Тетово, Битола и Берово, каде во седум часот е измерен еден степен Целзиусов, а најтопло во Претор, Демир Капија, Виница, Kрушево, Дојран со измерени 6 степени.

Снег има само на попова Шапка, а снежната покривка изнесува 19 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне во крајните западни и северни подрачја ќе има повремени слаби врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Најнови вести