четврток, 28. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Утрото со температури над нулата

Утрото со температури над нулата

Изутринава температурите во земјава се движеа од нула степени на Попова Шапка, два во Куманово, три во Битола, Берово, Маврови Анови и Лазарополе, пет во Прилеп и Крушево, шест во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Тетово, Охрид, Претор и Крива Паланка, осум во Струмица, девет во Гевгелија и Демир Капија и 10 Дојран.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнаа во Прилеп 15 и во Крушево 14 л/м2, потоа 10 во Охрид, девет во Пожаране, осум во Куманово, четири во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Струмица, Берово, Демир Капија и Ѓуриште, три во Тетово, два во Дојран и еден л/м2 во Битола и Штип.

Времето денеска прeтпладне ќе биде претежно облачно, наместа со магла, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

Најнови вести