Утрово најстудено било на Попова Шапка со -4 степени Целзиусови, а максимални 7 степени се измерени во Гевгелија.
Според Управата за хидрометеоролошки работи -2 степени се измерени во Лазарополе, -1 во Маврови Анови и Крушево, 2 во Крива Паланка, Претор, Охрид и Берово, 3 во Прилеп, Виница и Куманово, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Штип и Дебар, а 6 во Струмица, Демир Капија и Дојран.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 9 сантиметри, 6 во Маврови Анови и 1 сантиметар во Лазарополе.
За изминатите 24 часа дожд најмногу наврнал во Демир Капија – 56 литри на метар квадратен, 50 во Гевгелија, 42 во Струмица, 35 во Берово, 32 во Виница, 31 во Крива Паланка, 29 во Маврови Анови, 27 во Скопје-Петровец, 24 во Штип и Ѓуриште, 23 во Куманово, Крушево и Дојран, 22 во Пожаране, 20 во Попова Шапка, 19 во Битола, 15 во Скопје-Зајчев Рид, 13 во Тетово, 7 во Прилеп, 6 во Дебар, 5 во Лазарополе, 4 во Тополчани и Охрид, а 2 литри на метар квадратен во Претор.
Денеска ќе преовладува променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.
Во Скопје времто ќе биде облачно и студено со повремен слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.