вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Узунов контра Заев: Во 2006 економијата беше урнисана, сега ВМРО-ДПМНЕ остави развиена која може да го издржи прогресивниот данок

Узунов контра Заев: Во 2006 економијата беше урнисана, сега ВМРО-ДПМНЕ остави развиена која може да го издржи прогресивниот данок

Во емисијата Тренд Анализа на ТВ 24, вчера гости беа универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии Трајко Славески, универзитетскиот професор и актуелен економски советник во Владата, Ванчо Узунов и економскиот аналитичар, Слободан Најдовски. На дебатата стана збор и за прогресивното оданочување на персоналниот данок .

Узунов истакна дека треба да се објасни која е основната причина за воведување на оваа промена во оданочувањето. Тој кажа дека рамниот данок има свои предности како ефикасност на наплата, пораст на вработеноста, пораст на плати но дека исто така има негативно како социјално раслојување.

На ова реагираше Трајко Славески, кој кажа дека изнесените тези од страна на Узунов за рамниот данок не се точни. Тој вели дека рамниот данок донесе намалување на невработеноста и дека тоа го има во Извештајот на Европската Комисија, дека просечно од периодот кога невработеноста беше скоро 40 % се намалувала просечно од 2006 до 2016 за 2, 8 % годишно. Славески истакна и дека стапката на сиромаштија се намалила.

Поранешниот министер истакна дека земја затекната со 38 % невработеност во 2006 година кога ВМРО ДПМНЕ дојде на власт се смета за земја инвалид. Славески на прашање на Узунов кои земји во светот имаат рамен данок истакна дека имаат оние земји кои што произлегоа од системи и стопанства кои што колабираа и мораа да воведат рамен данок заради предностите што ги нуди оваа мерка.

Узунов пак ја спореди македонската економија со Англија,Шпанија, Франција како пример за развиени земји кои немаат рамен данок и заради тоа што се развиени воведуваат прогресивен данок.

-Македонската економија не е веќе колабирана и не треба да се враќа назад, истакна Узунов.

На ова Славески истакна дека Македонија треба да направи добра анализа за тоа дали сега е моментот за воведување на мерката прогресивен данок, бидејќи смета дека се уште корисноста на рамниот данок не е исцрпена во македонската економија, чие воведување предизвика македонската економија да доживее инвестициски бум и намалување на невработеноста од огромни 38 % на 22,9 %.

Најнови вести