Гостин во емисијата „Ѕид“ на Алфа ТВ беше универзитетскиот професор, Иванка Василевска која воедно е и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа истакна дека Зоран Заев и тимот околу него се дојде на власт за да исполнат една надворешна агенда и да реализираат неколку точки на сметка на коските на нашите предци, кичмите на нашите деца и во однос на иднината на нашите поколенија.
-Зоран Заев и Радмила Шекеринска и тимот кој што е околу нив се дојдени на власт да исполнат една надворешна агенда и како добри послушници имаат неколку точки кои ако не ги реализираат до крај, барем да го олеснат патот до нивна реализација. Тоа ќе го направат по сметка на коските на нашите предци и на кичмите на нашите деца и во однос на иднината на нашите поколенија. Тие се уценети луѓе кои буквално како во „Шагриска кожа“ си го потпишале својот договор со нечистиот и тие си ја спроведуваат таа агенда со цел да дојдат до реализација бидејќи веројатно и тие превземале некои обврски и добиле таква поддршка. Ние неофицијално знаеме колку милиони се свртеа во рамките на Шарена Револуција посочи Василевска.
Таа рече дека нема истрага во однос на тоа како влегуваа нелегалните пари во Македонија за време на Шарената револуција каде што од еднаш луѓе кои дуваат марихуана стануваа горди борци за човекови права кои што вршат насилие, а од друга страна луѓе кои што се бореа за унитарноста на Македонија и против Тиранската Платформа завршија во затвор со тешки обвиненија.
-Во Македонија, за жал, не се случи истрага во однос на тоа како влегуваат нелегалните пари, како се случува од еднаш луѓе од травњак што дуваат марихуана да бидат толку горливи и борци за човекови права и да бараат не знам што, да вршат насилие, но затоа видовме дека борците кои што се бореа за унитарност и против Тиранската Платформа заедно со се што им беше пикнато на страна, гнијат по затвори и со тешки обвиненија и по тоа ќе видиме дека зад оваа ситуација, добро исценирана, лежат крвави пари кои што ги држат сега овие навидум „моќни“ и истурени фигури во општеството и кои што треба да ни направат некаков пресек во однос на тоа што беше претходно, повторно со популистичка пропаганда, со реторика која што не нналикува ни на деца во градинка и без никакви резултати, рече Василевска.