Дали Зоран Заев вчера ја повтори истата грешка што уште повеќе ја закопува СДСМ? Во обид да ја зачува по секоја цена владата, Зоран Заев и СДСМ приредија циркуз кој предизвика гадење кај демократската јавност.
Потписникот на иницијативата за доверба на Влада, пратеникот од БЕСА, Кастриот Реџепи, вчера најпрво беше недостапен, а потоа се јави на фејсбук за да каже дека се предомислил, иако имаше прилика да го повлече својот потпис неколку дена пред почетокот на собраниската седница.
ВМРО-ДПМНЕ и партиите потписници на иницијативата за доверба на Владата вчера обвинија дека власта не покажа дека има мнозинство, владата на Заев е единствена која немаше пратеници да ја бранат.
Владата на Заев е делегитимирана.
-Заев има само 59 пратеника плус еден киднапиран пратеник. Вчера мораше да киднапира пратеник, за да може да продолжи да краде. Цел ден се држеше во заложништво пратеник, кој на крај не се појави во Собранието, туку беше пуштен преку видео после сите стравувања за неговата безбедност, истакаа од ВМРО-ДПМНЕ.
После дебаклот на локалните избори Заев мораше дополнително да се брука во ушта два наврати. Прво го погази зборот дека ќе си поднесе оставка, а потоа очајно ја бранеше својата влада од интерпелација. Да биде потрагично за него, тој после сите заврзлами успеа да избоксува во најдобар случај за него 60:60 во Собранието. Тоа не гарантира ниту опстанок на владата на краток рок, а не пак стабилност.
Но она кое што се случуваше беше ново вадење на виделина на пазарџиството, демократското насилие и силување на волјата на граѓаните. Токму поради овие работи Заев катастрофално ги изгуби локалните избори, а сега уште повеќе падна во очите на јавноста, па се поставува прашањето колку оваа авантура ќе го чини на се поочигледните предвремени парламентарни избори.
„Денес во Македонија се погази демократијата и се киднапираше пратеник. Ова е најкриминоген режим на просторот на Европа, им се одземаа мобилни телефони на пратеници, се чуваа пратеници во кабинети… Криминалниот режим по секоја цена сака да остане на власт, избори во најкус можен рок. Власта од денеска има 59 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ има 60 пратеници и има еден киднапиран пратеник кој се надевам дека ќе биде брзо ослободен“, рече синоќа Николоски и додаде дека најбрзото и наједноставно решение од оваа криза се брзи предвремени како излез од кризата.
-Не знам што се случи во овие неколку дена до денеска. Сите знаеме дека се збори за откочување преговорите со Бугарија и можен датум во декември, но тоа не е во овие два дена, тоа е познато подолг период. Не можам да прифатам дека тоа е валиден аргумент, бидејќи тоа и пред 5 дена се знаело, овие 5 дена не сме добиле нови информации. А и да е така редот е да се излезе во јавност и да се брани твој став, рече аналитичарот Сашо Клековски синоќа. Закани, уцени, притисоци…
Тоа е начинот на кој во моментов се прави обид да се спречи јасно изразената волја на мнозинството пратеници на владата на Зоран Заев да ѝ се изгласа недоверба.
Јасна е волјата на мнозинството избирачи, изразена на локалните избори, кои самиот Заев ги прогласи за референдум за или против оваа власт. Народот на изборите му кажа одлучно „не“ на хибридниот режим во Македонија. Режимот на Заев веќе е на колена. На апарати. А народот гледа што се случува, напиша новинарот Бранко Геровски во својата последна колумна.
Ако не падне оваа власт СДСМ ќе падне на 10 пратеници. Заев требаше да си замине уште пред две години. А, не сега. Сега тој остава урнатини зад него. Еве што остава“, појасни аналитирарот Ким Мехмети после вчерашните случувања во македонското собрание.
Колку новите маневри “на балкански начин’ кои ги приреди Заев ќе влијаат на рејтингот на СДСМ и како тие ќе се одразат на следните избори, останува да се види. Но горчливиот вкус на пировата победа која вчера ја прогласи власта ќе остане кај граѓаните.