Скандалите со непотизам и судир на интереси во Македонија никако да запрат. Не само што не постои желба да се искорени туку сега истиот стана дел и од институцијата која треба да санкционира, пишува Вечер.
Според информациите од свиркачи кои стигнаа до Вечер.мк, се појави нов случај на непотизам овој пат поврзан со член на Антикорупциската комисија.
Имено, Неда Дојчиновска ќерка на Софка Пејовска Дојчиновска која е член Антикорупциската комисија, најпрво е вработена во Секретаријатот за европски прашања, а потоа без конкурс испратена на испомош во Постојаната мисија на Македонија при Европската Унија во Брисел, пишува порталот кој за случајот објавува документи.
Целиот текст може да го прочитате на Вечер.мк