Во една од овие болнички соби на инфективното одделение во велес лежи 43 годишниот пациент кај кој е лоциран делта сој на ковид 19. Случајно го затекнавме на тераса, но не сакаше да говори пред камера, пренесува Телма.
Ни раскажа дека неодамна се вратил од Англија каде работи. Се пожали дека условите се лоши и дека во петок очекува негативен тест за да излезе од болница. Не верува ниту дека има корона, бидејќи симптоми нема, а не е ни вакциниран.
-Oтидов на преглед само поради тоа што имав проблеми со синуси. гледате и сами дека ништо не ми е и едвај чекам да излезам од тука. по доаѓањето контактирав само со сопругата и таа е добро, нема никакви симптоми.