четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Велика Јаневска се јави од Малта: Да не дозволиме некој друг да одлучува за иднината на нашата држава, нашиот идентитет, нашата историја

Велика Јаневска се јави од Малта: Да не дозволиме некој друг да одлучува за иднината на нашата држава, нашиот идентитет, нашата историја

Иселеничката Велика Јаневска се јави од Малта и им порача на своите Македонци да излезат и да гласаат за Македонија!

Таа на својот фејсбук профил објави:

„Драги наши иселеници , браќа и сестри Македонци Во овие клучни мигови за нашата мила татковина поддршката наша е од огромно и вистинско значење за сите нас – за татковината . Како никогаш досега од големо значење е сите заедно сплотени да се избориме за Македонија. Да не дозволиме некој друг да одлучува за иднината на нашата држава , нашиот идентитет , нашата историја , да ја спречиме распродажбата на се што е македонско , бидејќи последиците од сето ова што ни се случува се погубни за нас како македонци. Нетреба да дозволиме како што не дозволија и нашите предци да се урива нашето вековно постоење . Македонија и македонското е силно врежано во нас без разлика каде и да сме . Особено ние кои сме по белиот свет знаеме што значи да си разделен од родната земја и колку тоа боли , уште повеќе боли што некој одвнатре за грст пари сака да ја распродаде нашата мила Македонија. Затоа драги иселениции Ве повикувам во што поголем број да дојдеме во татковината и на 15ти Јули заедно да ја извојуваме победата и да прославиме што сме успеале сплотени да ја зачуваме нашата Македонија. Македонија е побитна од било што. Немаме резервна татковина ! Излези и гласај , за Македонија , за себе , за идните поколенија!“

 

Најнови вести