Поранешниот претседател на законодавниот дом Трајко Вељаноски преку објава на социјалните мрежи го потсети шефот на државата дека последенн пат македонската делегација во Прохор Пчињски била во 2009 година, а не пред 18 години како што денес беше кажано.
-Им благодариме на пријателите од Србија за денешниот гест со посетата на Претседателот Стево Пендаровски на манастирот Свети Прохор Пчињски. Сепак, Претседателот на Македонија бил должен да знае дека последен пат на ова историско место бил Претседателот на Собранието Трајко Велјаноски во 2009 година, а не така како што беше кажано! Освен тоа, протоколот на нашата држава наместо да прикажува нереални дипломатски достигнувања и наводни несекојдневни успеси, требало да биде информиран дека таблата пред која денеес се поклонија претставниците на нашата Држава, ниту е оригиналната табла, ниту таа е на местото на кое треба да стои, пишува Вељаноски на Фејсбук.
Нагласи дека Македонија поминала многу премрежја, но ќе заедно и ова ќе се помине.