петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Венко против Филипче, докторот наспроти политичарот: Треба ли надвор да носиме маска, министре?

Венко против Филипче, докторот наспроти политичарот: Треба ли надвор да носиме маска, министре?

На отворено, кога нема луѓе во близина, маска не се препорачува, тоа беше советот уште од почетокот. Верувале или не, ова го истакна во март годинава Венко Филипче, министерот за здравство кој сега се демантира самиот себеси.

Наспроти оваа негова изјава, истиот човек само во улога на политичар, а не на доктор, сега вели дека народот од дома не смее да излезе без маска на себе. Дури и надвор, мора да шетаме со прекриени уста и нос.

Филипче во февруари месец оваа година одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку маските можат да бидат превенција од ширење на коронавирусот, повтори дека врз основа на мислењето од експертите епидемиолози, маска на отворен простор не е начин за заштита на граѓаните, туку напротив, може да го зголеми ризикот од инфекција.

-Може да го зголеми ризикот за инфекција поради манипулацијата на маската со раце, со оглед на тоа што оваа инфекција се пренесува токму преку раце и вирусот одреден период останува на површините, истакна своевремено тогаш Филипче.

По екстремното зголемување на бројот на заразени Венко Филипче кој настапи како политичар, а не како доктор, почна да промовира мерки кои наидоа на осуда, па и потсмев кај граѓаните.

Еве што, меѓудругото, во врска со носењето на маска на вчерашната прес-конференција истакна тој:

-Секој како што ќе излезе од дома ќе мора да носи маска или марама, да има прекривка на устата и на носот. Зошто? За да го избегнеме и оној ризик, можеби несвесен кога ќе се случи некакво мини групирање. Во таа смисла е целокупниот пакет на мерки. Да се избегне групирање и да се носат маски, истакна Филипче.

Најнови вести