Контрадикторна изјава или вистински феномен. Денеска во вестите на Канал 5 телевизија, првиот вицепремиер Артан Груби рече дека пријателот кој му го позајмувал Ауди-то бил успешен бизнисмен 30 години. Но, според она што МВР го изјави, тој има 35 години. Прашањето е дали пријателот е успешен бизнисмен од 5 години?
„Возилото Ауди од 2008 го продадов и за приватни потреби ги користам возилата на моите браќа, Ксарата на татко ми , како и други возила. Апсолутно Аудито не е мое возило, сум користел други возила за приватни цели. Минатата недела имав мала хируршка интервенција и не го користев ова возило 10 дена. Лажни се снимките дека неодамна сум го користел тоа возило, и тоа од 2019. Сите претпоставувале дека возилото е мое лично. Пријателот ми е близок и живее во моја близина. Имаше флешери возилото“, вели Груби.
Додава дека пријателот е успешен бизнисмен преку 30 години и може слободно да го испитаат потеклото на неговиот имот.
„Ги поканувам сите институции да истражат било каква претпоставка дека имам некаков имот и дека од целиот настан во 3 и пол наутро пред моите деца , не изразија жалење. Ова за мене говори за многу жална ситуација во која се наоѓа нашето општество. Нека се истражи чие е возилото“, рече Груби.