понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вештакот е директор поставен од СДСМ, а ќерка му работи во СЈО: Одложено рочиштето за „Топлик“

Адвокатите пред почетокот на главната расправа побара изземање на вештачењето на доказна документација изработена од СЈО, бидејќи вештото лице во моментов е директор на Агенцијата за катастар на недвижности, а неговата ќерка работи во СЈО. Според нив вештачењето е пристрасно.
Вештакот е директор поставен од СДСМ, а ќерка му работи во СЈО: Одложено рочиштето за „Топлик“

Денешното судско рочиште за предметот на СЈО „Топлик“ во кој се осомничени поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажбата на градежна парцела во скопско Сопиште, е одложено за 8 март.

Адвокатите пред почетокот на главната расправа побара изземање на вештачењето на доказна документација изработена од СЈО, бидејќи вештото лице во моментов е директор на Агенцијата за катастар на недвижности, а неговата ќерка работи во СЈО. Според нив вештачењето е пристрасно.

Обвинителите од СЈО сметаат дека барањето на одбраната е неосновано, поради што побараа судот да не го прифати приговорот.

Судијата Осман Шабани рече дека Судечкиот совет ќе одлучи дополнително за барањето на одбраната и оти за одлуката, односно за тоа дали ќе биде прифатено ова вештачење или ќе биде назначен нов вештак странките ќе ја добијат на писмено известување.

Најнови вести