Во Македонија вчера пристигна конвојот помош од Словенија. Тимот за заштита од пожари од Словенија е составен од 45 лица, команда, ИТ експерти, медицинска екипа, пожарникари со 11 противпожарни возила и транспортни возила.
Истиот веднаш беше упатен кон Беровскиот регион каде помагаше во гаснењето на големите пожари.
При поминувањето низ Берово, жителите ги поздравија со аплауз во знак на благодарност за помошта која ја пружаат.