Инцидентот на граничниот премин Деве Баир кој резултираше со апсење на тројца бугарски државјани бугарски политичар во живо го пренесуваше на социјалните мрежи.
Според снимката, која се гледа дека е направена со мобилен телефон, се гледа дека тој што снима директно учествува во буткањето со македонските полицајци.
Снимката ја објави политичарот Ангел Георгиев, кој е пратеник.
На снимката неколку граѓани иако предупредени да не го прават тоа од страна на македонските полицајци, се приближуваат кон нив и со висок тон им се обраќаат негодувајќи за бугарски државјанин кој бил спроведен во просториите на полицијата на граничниот премин.
Бугарските државјани на снимката им дофрлуваат на полицајците, а потоа и се втурнуваат кон нив по што полицајците се обидуваат да ги оддалечат од зградата на граничниот премин и доаѓа до буткање.
На снимката се гледа дека тој што снима е исто така спроведен во просториите на станицата.
Бугарските медиуми пак за инцидентот пренесуваат дека македонските полицајци се тие кои му се заканувале и го тепале пратеникот на „Вазраждане“ Ангел Георгиев, а со него биле и бугарски државјани.
МВР веќе потврди дека се приведени тројца бугарски државјани поради овој инцидент. А на инцидентот сведочеше и екипата на А1он која веќе објави снимка од друг агол која можете да ја погледнете на следниот линк.