Работниците кои вечерва го поставувале бројчаникот на „Порта Македонија“ не знаеле кој им е шеф, а кој одговорен за градежната операција, јавува порталот Инфомакс.
Вечерва на терен биле излезени екипи кои оперираа со кран на компанијата „Прототип“, а заедно со нив, и екипи на ЈП Државни патишта кои асистирале на поставувањето на бројчаникот.
Од она што го пренесе Инфомакс, а го дознале од лице кое тврдело дека е случаен минувач, а во рацете држел папка со натпис „Влада на Р.Македонија“ во која била наводната дозвола за поставување на бројчаникот, се работи за приватна донација платена од Зоран Заев. Зошто беа злоупотребени државни ресурси за поставување на времен објект платен од приватно лице со приватна градежна дозвола, не било одговорено.
Наместо тоа екипата на Инфомакс добила дрзок однос на легитимни прашања од лице кое се претставило како „случаен минувач“, а кој во себе ги носел наводните дозволи за поставување на бројчаникот во папка на Владата на Р.Македонија. Освен документи од владата, имало и документи на Собранието за кои екипата на Инфомакс не успеала да добие одговор што значат.