среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Крадци среде бел дел се обидуваат да влезат во куќа во Пржино, им излезе сопственикот

ВИДЕО: Крадци среде бел дел се обидуваат да влезат во куќа во Пржино, им излезе сопственикот

Двајца крадци вчера среде бел ден се обиделе да влезат во куќа на улицата „Благоја Горан“ во Пржино.

Камерата од видео надзорот снимила две машки лица кои околу 12:45 часот вчера, најпрво проверуваат дали некој има во куќата, а потоа се обидуваат да влезат во неа. Но, во намерата биле спречени од сопственикот, кој бил дома.

Од снимката јасно се гледа дека едниот носи црна фантомка, а другиот има капа и заштитна маска на лицето.

Објавена е и фотографија на која се крадците кои по неуспешниот обид за кражба избегале со мотор.

Во коментар на објавата се наведува дека истите лица на 4-ти август во скопски Хром ограбиле неколку станови.

Најнови вести