И светоста не е веќе толку света кога се работи за позицијата на пратеничките листи. Некогашниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Панчо Минов и силен противник на политиките на Зоран Заев очигледно заборави дека за сегашниот негов лидер велеше дека не го бива.
Минов си најде место на пратеничките листи кои вчера ги објави СДСМ. Тој се наоѓа на петото место во четвртата изборна единица која ја предводи токму Заев.
Минов стана дел од пратеничката листа на партијата предводена од, како што велеше тој, човек кој го навредувам народот и кој политички пропаднал. Минов говореше и дека се бори и залага за националните интереси што е неговата светост, односно Република Македонија.
-Заев не го бива бе. Јас не му се давам нему, а не со Груевски да се мери држава да води. Кичма ќе виткам, знае ли тој дека кавадарчани се револуционерен народ. Бива ли тоа во Кавадарци да се зборува двојазично? Ние дијалектот не го менуваме, не јазик двојазичен. Кој не гласал за него бил грд човек. Гледа ли тој убаво? Кавадарчани и тиквешани се убав свет и згора на тоа ќе се согласел да се прошири рамковниот договор, како за Муртино да разговара. Ептен пропадна политички, ептен ја претера. Ние сме само за заштита на националните интереси, за нашата светост, а тоа е државата Република Македонија, велеше Минов пред голем број граѓани на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци во изборната кампања во 2016 година.
Тој гласаше за уставните измени за промена на името и ја напушти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.