понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Пред изборите во 2016 тврдеше дека се нема родено човекот кој ќе го промени Уставот, сега Заев прифати промена на уставното име! 

Пред парламентарните избори во 2016 година, Заев посочи дека СДСМ ако формира влада ќе ги задржи црвените линии од кои нема отстапување, а истите биле посочени и одржувани и низ изминатите години. -Треба да биде јасно и постојано да се потенцира. СДСМ ќе ги одржува црвените линии за Република Македонија и тоа значи дека нема промена на уставното име, идентитетот и самиот Устав. Никој не може во Македонија, мислам дека се нема ни родено таков човек што би дозволил промена на Уставот и промена на нашиот идентитет, рече Заев.
ВИДЕО: Пред изборите во 2016 тврдеше дека се нема родено човекот кој ќе го промени Уставот, сега Заев прифати промена на уставното име! 

Човекот кој не сакаше да дискутира за промена на Уставот кога беше опозиција, сега од функција на премиер ги направи сите отстапки кои досега не ги направиле ниту еден претседател, ниту еден премеир на Република Македонија, за на крајот да се гордее дека е првиот од премиерите кои прифатиле промена на името на Република Македонија.

-Јас сум првиот македонски премиер кој кажал дека за нас е прифатливо име со географска одредница и мислам дека тоа помогна во преговарачкиот процес, рече премиерот.

Овој човек тврдеше дека нема да прифати промена на Уставот, за на крајот да прифати  сè што бара Грција, вклучително и јавно признание дека ерга омнес е прифатлива опција.

-Не гледам потреба за промена на Уставот, изјави премиерот Зоран Заев во февруари годинава. Три месеци подоцна, македонскиот премиер информира дека промена на Уставот ќе има и дека ќе се смени уставното име на Република Македонија.

– Барањето за промената на Уставот во разговорите за името се грчки став, но ние имаме наш. Македонија го промени својот Устав во 1993 година да го допрецизира членот 49 вградувајќи го амандманот 2. Ние направивме голем чекор за да го отстраниме иредентизмот, рече тогаш Заев.

Во 2013 година, од позиција на лидер на опозицијата, Заев не мислеше така. При посетата на Струга, Заев ќе изјави дека „Социјалдемократскиот сојуз нема да дозволи промена на името на Република Македонија, доколку задира во нашиот идентитет и национална посебност“.

-Имиња пред Република Македонија или какви било други формулации се за разгледување, но без притоа да се чепне Уставот на државата, мојот национален јазик, мојата национална посебност, мојата култура како Македонец, изјави  тогаш Заев.

Изјавата која тогаш ја даде воопшто не наликува на она кое тој го прави денес. Денес, Заев во улога на премиер прифаќа сложено ерга омнес име за севкупна употреба и промена на македонскиот устав, што автоматски значи и промена на идентитетот на македонскиот народ.

Во април годинава,  Заев во интервјуто за Радио Слободна Европа (РСЕ) најави промена на Уставот и референдум за името со влезот на Македонија во ЕУ. Ваквите ставови на Заев се целосно спротивни со неговите претходни тврдења дека промена на Уставот не е потребен, а секое евентуално решение ќе биде ставено на референдум за граѓаните да се изјаснат.

-Можеби конечното решение ќе биде врзано со гласањето на Македонија, како граѓани, со давањето на нашиот суверенитет на ЕУ, во која сакаме да бидеме членка и тогаш се отвара и Уставот, можеби и тука е решението, поради тоа што знаете дека Грција бара и промена на Уставот, заради промената на уставното име. Јас сум убеден дека креативноста ќе ги изнајде овие решенија, рече Заев во интервјуто за РСЕ.

Наспроти ова, Заев многу пати досега во јавноста тврдеше дека промената на Уставот не е неопходна, односно во спорот со Грција нема потреба од менување на Уставот.

-Не гледам потреба за промена на Уставот, изјави Заев во февруари годинава, одговорајќи на новинарско прашање дали во процесот на решавање на прашањето за името се разговара и за евентуални уставни измени.

Заев во 2016: Се нема родено таков човек кој би го променил Уставот

Пред парламентарните избори во 2016 година, Заев посочи дека СДСМ ако формира влада ќе ги задржи црвените линии од кои нема отстапување, а истите биле посочени и одржувани и низ изминатите години.

-Треба да биде јасно и постојано да се потенцира. СДСМ ќе ги одржува црвените линии за Република Македонија и тоа значи дека нема промена на уставното име, идентитетот и самиот Устав. Никој не може во Македонија, мислам дека се нема ни родено таков човек што би дозволил промена на Уставот и промена на нашиот идентитет, рече Заев.

Најнови вести