среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Владата сама го цензура Ковачевски

ВИДЕО: Владата сама го цензура Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски во понеделникот гостуваше во „24 Анализа“ на ТВ24 каде говореше и за економските предизвици и енергетската криза.

Во еден момент, претседателот на Владата одлучи самиот да се пофали, иако нагласи дека тоа не го прави.

Ковачевски:
-Бектеши вака кажува: Благодарение на контактите на премиерот со претседателот Радев, Бугарија..
Водителка:
-Така кажува?
Ковачевски:
-Баш така го кажува. Јас обично не кажувам…

Тука, во овој момент видеото кое е прикачено на официјалниот ЈутЈуб канал на Владата е исечено, по што продолжува Ковачевски да зборува за темата.

Сепак, во емисијата разговорот не се одвиваше така.

Ковачевски:
-Баш така го кажува. Јас обично не кажувам…   работи кои што мене би ме кажале во некаква позитивна конотација, тој го кажа тоа иако јас не сум го барал.

Зошто Владата одлучи самата да го цензурира претседателот и дали се срами од неговото фалење останува отворено прашање?

Најнови вести