За време на викендот под влијание на циклонска активност од Медитеранот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне.
Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец.
Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за околу 10 степени.