За време на викендов во попладневните часови ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.
Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.
Потоа следува период на стабилно време, освен во понеделник кога ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.