За време на викендот државава ќе биде под влијание на влажен бран што ќе предизвика времето да биде облачно со врнежи од дожд.
Врнежите ќе бидат пообилни од утре попладне до недела и на места ќе бидат поројни, над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од понеделник ќе има заладување што ќе услови врнежите да преминуваат во снег, а во попладневните и вечерните часови се очекуваат слаби врнежи од снег и во некои пониски места, особено во северните делови.