Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта во источните и северните делови ќе има услови за слаб локален дожд.
Во четврток ќе има зголемена облачност со повремен локален дожд, а на планините снег. Поради спуштање на студена воздушна маса во петок и за време на викендот ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со повремен локален слаб снег. Температурите повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината.