Влада е неспособна, инфлацијата е двоцифрена, за еден ден цените на горивата и храната се качија и по 15 денари. Цената на горивата за еден ден скокнаа за 15 денари, 90% од тоа покачување не е резултат на флуктуациите на светските берзи, туку на зголемената акциза која ја наметна СДСМ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Цените на храната за еден ден се зголемија исто така за 15 денари. Брашното, лебот и шеќерот се продаваат и по 60 денари, а зејтинот над 160 денари за литар.
ВМРО-ДПМНЕ предлага сет мерки за намалување на цените на горивата и храната, но СДСМ се однесува игнорантски.
Инфлацијата која веќе една година ја јаде економијата не е увезена, туку е резултат на неспособната влада.
Тоа што пред една година можело да се купи со 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари.
СДСМ нема капацитет да ја стабилизира економијата и да донесе напредок. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“ – велат од партијата.