петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Владата го прифати текстот на спогодба со ЕУ за учество на земјава во програмата Дигитална Европа

Владата го прифати текстот на спогодба со ЕУ за учество на земјава во програмата Дигитална Европа

Владата денеска на седница ја усвои информацијата за потпишување Меѓународна спогодба меѓу Европската Унија и Македонија за учеството на земјава во програмата на Унијата – Дигитална Европа за периодот 2021-2027 година.

Владата го разгледа и прифати усогласениот текст на оваа спогодба, на предлог на Министерство за информатичко општество и администрација.

Програмата Дигитална Европа, според информацијата од Министерството, претставува програма на Европската Унија насочена кон приближување на дигиталните технологии кон бизнисите, граѓаните и јавната администрација.

Владата го овласти министерот за информатичко општество и администрација да ја потпише Спогодбата.

Најнови вести