Владата демантира дека премиерот Зоран Заев ја пријавил за вознемирување мајката на исчезнатото момче Пино Секондо, кое го нема веќе 11 денови, Маја Трпковска. Таа вчера изјави за медиумите дека го контактирала премиерот Заев на Вибер и барала помош од него за да се пронајде нејзиниот син, а тој ја пријавил за вознемирување.
-Контактирав, ме пријави, имам приjaва од господинот Заев, затоа што му праќав пораки на Вибер и не одговараше на моите пораки на Вибер. И господинот Заев на човекот кој плаќа даноци му праќа приjaви. Требаше да земам една копија да си ја урамам и ставам во дневна. Јас имам најубав документ, најубава пријава од господинот Заев, наместо да ми рече госпоѓо мајка сте ја сум родител, ако можам ќе ви помогнам, тој мене ме приjaвува за вознемиpyвање – кажа Трпковска.
Од Владата негираат.
– Не е точно дека премиерот ја пријавил Трпковска. Единствено е точно дека госпоѓата испраќала пораки, по што јавно го објавила телефонскиот број на премиерот, но не била пријавена ниту за вознемирување, ниту за било што друго, велат од Владата, пренесува Локално.мк.