петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата одлучи: Ќе се основа студентски дом во Тетово

Владата одлучи: Ќе се основа студентски дом во Тетово

Владата, на предлог на Министерството за образование и наука, донесе Одлука за основање Државен студентски дом „Тетово“ во Тетово со капацитет од 300 легла.

Потребниот кадар, опрема и други услови за работа на Државниот студентски дом „Тетово“ во Тетово се предвидени согласно со нормативите и стандардите за опрема, простор и кадар за студентските домови.

Целта на основањето на студентскиот дом во Тетово, според образложението од ресорното министерство, е остварување на интересите и потребите за престој на студентите кои студираат надвор од местото на живеење.

Најнови вести