понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата расчистува со секој што има про-македонски ставови, Џејсон Мико разрешен од позицијата почесен конзул

Мико е автор на филмот „Името е име“ со кој на странската публика и се претставува македонската страна и ставови за спорот со името со Грција. Џејсон Мико е познат и по своите колумни кои ги пишуваше за Дневник и по својата борбеност за заштита на македонскиот идентитет и име.
Владата расчистува со секој што има про-македонски ставови, Џејсон Мико разрешен од позицијата почесен конзул

По предлог на Министерството за надворешни работи, Владата се очекува да го разреши Џејсон Мико од позицијата почесен конзул на Македонија во Аризона, Тусон во САД.

Тој на оваа позиција беше именуван во 2013 година од претседателот Ѓорге Иванов како заслуга за неговиот  долгогодишен активизам за правата на Македонија.

За иронијата да биде уште поголема, Мико е поранешен близок соработник на претседателот Борис Трајковски, а предлогот стигна ден по годишнината од трагедијата во која почина претседателот Трајковски.

Мико е автор на филмот „Името е име“ со кој на странската публика и се претставува македонската страна и ставови за спорот со името со Грција. Џејсон Мико е познат и по своите колумни кои ги пишуваше за Дневник и по својата борбеност за заштита на македонскиот идентитет и име.

Во своето последно обраќање како почесен конзул, Мико предупреди на матни игри со придавката во ОН и на неизбежна промена на идентитетот. Според Мико, Грција од Секретаријатот на ОН ќе бара врз основа на придавката, името на јазикот името на нацијата да бидат изведени од додавката Нова, Горна, Северна или некоја друга која што е на маса и која што ќе биде договорена.

Практично, јазикот би бил на пример Новомакедонски додека во графата за нација би стоело Новомакедонци. Ова е една од причините зошто Грција одбива географската одредница да биде ставена пред уставното име Република Македонија.  Мико тогаш потенцираше дека за Грција не постои македонски идентитет освен таканаречениот грчки македонски идентитет.

Кусо по овие негови забелешки пристигна предлогот од Министерството за надворешни работи да се разреши Џејсон Мико од позицијата почесен конзул на Македонија во Аризона, Тусон во САД.

Имено, на сличен начин од преговарачкиот процес беше дистанциран и преговарачот Васко Наумовски кој последниот предлог на Нимиц во преговорите за името го оцени како недостоинствен. Ова беше прв пат медијаторот да излезе со предлог кој од нашиот преговарач веднаш е беше оценет како недостоинствен. Се отвора прашањето дали и тој ја увиде попустливоста на новата македонска влада па почна се повеќе да ги протежира грчките позиции.

Очигледно е дека владата на СДСМ на ваков начин расчистува со сите пријатели на Македонија или Македонци кои имаат про-македонски став по однос на ова и сите други прашања од национален интерес.

Најнови вести