понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владимир Милчин: Рашковски сам на себе си потпишувал

-Прв што ми паѓа на ум не е министер, ама не е помалку важен од мнистер, тоа е генералниот секретар на владата Рашковски. Ако се сеќавате тој си беше потпишал сам себеси, дека ќе се плаќа како советник на сам себеси. Таа работа помина, имаше реакции за тоа, излегоа и документи за тоа и таа работа се заташка, се покри, рече тој.
Владимир Милчин: Рашковски сам на себе си потпишувал

Владимир Милчин, некогаш предводник на Шаренета револуција, вчера говореше за корупцијата во владата во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тој го споменува генералниот секретар на владата на Република Македонија, Драги Рашковски, кој сам на себе си потпишал решение со кое себеси се назначил за советник. Тој ја потенцираше важноста на генералниот секретар како функција и го става пред министрите, за штетите кои може да ги предизвика со коруптивното работење.

Милчин запрашан дали има конкретни забелешки за некој министер за коруптивно работење, тој се осврна на скандалот кој ја потресе владата, во кој беше вмешан Рашковски, а за истиот случај нема никаква разрешница.

-Прв што ми паѓа на ум не е министер, ама не е помалку важен од мнистер, тоа е генералниот секретар на владата Рашковски. Ако се сеќавате тој си беше потпишал сам себеси, дека ќе се плаќа како советник на сам себеси. Таа работа помина, имаше реакции за тоа, излегоа и документи за тоа и таа работа се заташка, се покри, рече тој.

Со заташкување на случаите во кои се вмешани високи функционери, се гледа ставот на владата на СДСМ дека нема намера да се бори со коруопцијата.

-За мене генералниот секретар, всушност има поголема тежина од министрите, затоа што целиот административен апарат е под него. Тој е тој што ги одобрува именувањата и така натаму, а во именувањето во кадровската политика лежи  еден од најголемите проблеми на сегашнава власт, рече Милчин.

Со можноста која му ја дава законот на Драги Рашковски, да ги одобрува именувањата и со тоа влијае на кадровската политика, како што потенцира Милчин, кредибилитетот на Рашковски е нарушен, но исто така важно е однесувањето на оние кои се именувани од негова страна и дали итие ќе го следат неговиот пример.

 

Најнови вести