вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Власта е неспосoбна да се справи со пандемијата, па сега реши да ги казнува вработените во државната администрација

Власта е неспосoбна да се справи со пандемијата, па сега реши да ги казнува вработените во државната администрација

Кризата предизвикана поради КОВИД-19 влијаe врз сите сектори во државата. Секојдневно сме сведоци како во државната администрација се појавуваа кластери на КОВИД-19. Како да не беше доволно тоа, па сега власта реши да ги казнува вработените во државната администрација. До нашата редакција стаса информација дека власта во повеќето државни институции формирала тимови односно таканаречени „внатрешни контроли“.

Како што дознаваме тоа се начелно лица блиски до власта кои вршат внатрешна контрола во самите институции за тоа дали и колку се почитуваат препораките за заштита од вирусот.

-Канцеларијата во која работам е отворен систем има околу 12 канцелариски бироа. Сега со мерките кои се донесени од страна на Владата во канцеларијата сме двајца колеги. Вчера имавме внатрешна контрола да увидат дали ги почитуваме мерките за заштита од КОВИД-19. Еден од нив ми посочи дека не сум ја носела маската соодветно и поради тоа ми посочи дека ќе добијам казна од 30% намалување на платата во период од три месеци, ни раскажа вработената.

Вработените во админитрацијата посочуваат дека се што е поврзано со заштита од овој вирус како што се маски, средства за дезинфицрање си купуваат сами од свој џеб.

Имено пред половина месец Владата донесе одлука вработените во јавната администрација да работат во две смени или во ротација или онлајн согласно условите за работниот процес се со цел да се намали ширењето на вирусот.

Најнови вести