После вчерашната изјава на министерката за правда Рената Дескоска дека закон за амнестија кој што беше донесен во тоа време и чекорите кои се превземаа беа чекори насочени кон уставните амандмани, стана јасно дека судско-обвинителската власт е под целосна контрола на Владата на СДСМ.
Имено при вчерашното нејзино гостување, на прашањето од страна на водителот на емисијата „Само вистина“ дали власта има влијание врз обвинителката Вилма Русковска таа одговори дека таа лично нема но не може да гарантира за друг.
-Јас лично не, не верувам, не можам да коментирам за други, изјави Дескоска.
Меѓутоа, понатму Дескоска додава дека на сите му е јасно дека законот за амнестија кој што се носеше и чекорите кој што се превземаа беа чекори насочени кон уставните амандмани, односно со оваа изјава министерката за правда на некој начин призна дека власта е во силна спрега со обинителството и дека е под целосна контрола на власта.
Лесно може да се заклучи, а и на секого му е јасно дека токму селективниот закон за амнестија за 27-април беше донесен со цел да се ослободат обвинетите пратеници со цел во Собранието да ги изгласаат потребните амандмани за промена на уставното име на Република Македонија, а од друга страна пак патриоти и чесни граѓани добија драконски казни односно вкупна затворска казна од повеќе од два века.
Власта ваквиот закон тогаш сакаше да го претстави како некакво помирување, но веќе се е јасно и целта беше под секоја цена да се изгласа промена на уставното име на Македонија.
Покрај Дескоска во јануари оваа годинава и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски потврди дека СДСМ направил пазар со пратениците се со цел да гласаат за промена на името. Односно и Манчевски призна дека селективниот закон за амнестија е донесен само за дел од обвинетите, односно за пратениците и нивниот глас во собранието, а од патриотите кои што на 27 април влегоа во собранието и кои што се осудени за тероризам, тогаш власта на СДСМ немше интерес од нив и ги осуди на повеќе од два века затворска казна.